Двајца тинејџери во два одделини слуаи се приведени во саботата, откако кај нив е откриена марихуана, информираше Министерството за внатрешни работи.
Синоќа околу 21 часто во струмичкото Градашорци, полициски службеници од СВР Струмица го привеле 18-годишниот В.Т. од истото село, затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и ризли.
Претходно во саботата околу 18,30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишиле од слобода 17-годишен малолетник од селото Вруток, гостиварско, затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризли и семки од канабис.
По целосно докумнетирање на случајите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.