Деветнаесетгодишната Зара Рутерфорд во средата тргна во мисијата да стане најмладата жена којашто самостојно го прелетала светот, напуштајќи ја Белгија во одисејата којашто треба да опфати 52 земји и пет континенти.
„Во моментот кога ќе се издигнете од земјата, заборавете сѐ. Тоа сте само вие и авионот“, рече под почетокот на своето патешествите Рутерфорд, којашто има и британско и белгиско државјанство.
Веб-странмицата којашто го следи нејзиното патување објави дека полетала од градот Кортријк.
Рекордот меѓу жените го држи Шеста Вајз од САД којашто самостојно го прелета светот на 30-годишна возраст. Машкиот рекорд, пак, му припаѓа на 18-годишник, што Рутерфорд го смета за знак на родовата нерамноправност.
Таа се надева дека нејзината епска експедиција ќе заинтересира повеќе жени и девојки за летањето или воопшто да ги инспирира „да ги следат своите сништа“, се наведува на нејзината веб-страница. Вели дека летањето ѝ е „во крвта“, бидеќи и мајка ѝ која е Белгија и татко ѝ кој е Англичанец се пилоти.
Тинејџерката ќе лета со ултралесниот авион од типот „Shark“ од европско производство, кој може да крстосува со бризина од 300 километри на час.
Од Белгија прво се упати кон својата британска татковина, потоа преку Исланд ќе патува до Гренланд и понатаму на запад. Во меѓувреме ќе се сместува кај пријатели и приверзаници ширум светот. Враќањето во Белгија се очекува по околу три месеца, на почетокот од ноември.