Тинејџерка сама се породила во тоалет, користејќи упатства од ЈуТјуб

Девојка (17) од Индија се породила во својот дом користејќи упатства преку видео снимка на ЈуТјуб бидејќи бременоста ја криела од семејството, соопштила полицијата.

Бебето го родила на 20 октомври, но нејзиното семејство дознало два дена подоцна кога слушнале плачење на бебе од нејзината соба.

Веднаш ја однеле во болница, а мајката и бебето се добро, велат од полицијата.

Оттаму потврдиле дека против таткото (21) е поднесена кривична пријава бидејќи девојката е малолетна.

-Тие биле во врска, еден ден дошол кај неа дома и имале односи. Кога дознала дека е бремена, молчела, не смеела да им каже на родителите, велат од полицијата.

Мајката на девојката, која има проблеми со видот, не забележала дека ќерката е бремена, а таткото кој работел како ноќен чувар едвај преку ден го гледал семејството.

Таа носела широка облека што и помогнало да ја сокрие бременоста.

-Проучувала се за породувањето, гледала видеа за бременост. Снимка од породување гледала додека сама се породувала, дури и сама ја пресекла папочната врвка, се наведува од полицијата.

Семејставата знаеле за нивната врска и планирале да направат свадба кога таа ќе наполни 18 години.