Седумнаесетгодишно момче од Скопје е осомничено дека криумчарело мигранти преку македонско- косовската граница.
Според информациите од полицијата, И.Л. пред 10 дена е затекнат на местото викано Раскрсница во близина на границата со Косово заедно со уште двајца палестински државјани кои илегално влегле од Грција. Палестинците по влегувањето во земјава дошле во Скопје каде на железничката станица се сретнале со И.Л. кој за 500 евра требало да ги пренесе кон Косово.