Седумнаесетгодишно момче од Даниловград почина утринава во Клиничкиот центар во Подгорица како последица на удар од струја.
Момчето со иницијали Н.Р бил сместен синоќа околу 22 часот на Одделението за интензивна нега со опекотини по целата површина на телото, откако на железничката станица во Даниловград дошол во контакт со струјно коло.
Пациентот во Ургентниот центар бил доведен во исклучително лоша состојба.
Малолетникот бил во група од дваесетина луѓе кои се упатиле кон манастирот Острог непосредно пред православниот празник Св. Василије Острошки. На железничката станица чекале да им се придружат и други лица.
Околу 21.37 Н.Р ја поминал пругата и се упатил позади воз кој неколку месеци бил паркиран на станицата.
Очевидците велат дека кога поминал позади возот, се качил на еден од вагоните и со ранец ја закачил жицата за струја, па потоа паднал меѓу двата колосека.