Тинејџер од Тетово нападнат за време на големиот одмор

тепачка

Осумнаесетгодишниот А.Х. од Тетово вчера за време на големиот одмор бил нападнат пред угостителскиот објект спроти средното текстилно училиште.

Тој бил нападнат од страна на неколку лица. Истите на оштетениот му нанеле телесна повреда удирајќи го со метален предмет, а еден од сторителите со пиштол го удрил во пределот на главата. На А.Х. му е укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.

Од извршениот разговор со оштетениот истиот посочува неколку лица како можни сторители. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.