Тинејџерка загина поради мобилен во када

Тинејџерка од американската сојузна држава Тексас загинала во када откако го дофатила мобилниот телефон кој бил ставен да се полни, а нејзиното семејство веднаш ги предупреди сите коишто тоа го прават за да се избегнат смртните случаи од струен удар, пренесува во средата Reuters.

Четиринаесетгодишната Медисон Кои, почината во домот на нејзиниот татко во Ново Мексико изминатиот викенд од давење во кадата за капење по претрпен струен удар, пишува локалниот дневен весник Hobbs News-Sun.

Нејзината баба за медиумите изјавила дека девојката на раката со којашто го дофатила телефонот имала изгореница.

„Станува збор за трагедија којашто не треба веќе никому да му се случи. Сакаме нешто добро од тоа да произлезе, да се освестат дека мобилните телефони не се користат во тоалетот додека се полнат. Таа беше толку мила кон сите и сите ја сакаа“, изјавила неутешната баба Дона О’Ган.

Мајката Ангела О’Ган на Facebook стави слика од својата ќера со пораката „Ве молам, нека нејзиниот глас биде слушнат и нека ги научи вашите деца за фаталната опасност којашто ја претставува струјниот удар“.