Албанската престолнина Тирана ќе биде домаќин на финалето на Конеренциската лига, новото натпреварување во организација на УЕФА, којешто ќе започен во сезоната 2021/2022 година.
УЕФА ќе го намали бројот на учесниците во Европската лига со 48 на 32 и истовремено ќе ја воведи Европската конференцикса лига којашто ќе има 32 клуба.
Натпреварувањето ќе биде третото клупско натпреварување по квалитет во организација на УЕФА, по Лигата на шампионите и Европската лига (Лига Европа), а победникот во Европската конференциска лига (ЕКЛ).
Европската конференциска лига ќе започне со квалификациите во летото 2021 година, а во натпреварувањето ќе играат 32 клуба распоредени во осум групи со по четири клубови.
Пред натпреварувањата по група, ќе се одржат три рунди квалификации и плеј-оф рунди, подделеи на главниот пат и патот на прваците за оние кои преминуваат во натпреварувањато од Лигата на шампионите и Европската лига.
Побединиците по групите ќе изборат пласман во осминафинале, додека второпласираните и третопласираните екипи од групите ќе играат плеј-оф за преостанатите места во осминафиналето.
Ќе биде одржан жреп и ќе се извлекуваат двојките, а клубовите ќе ги завршат втори по некој од третопласираните од другите групи. Победниците од овие натпревари ќе одат во осминафиналето на Европската конференциска лига.
Во квалификациите за Европската квалификациска лига ќе учествуваат од 15-те најсилни лиги во Европа. Македонија во калификациите за ова натпреварување, веројатно би имала два претставника.
Конферациската лига ќе подели околу 240 милиони евра, што е околу два и пол пати помалку во однос на Европската лига. Клубовите за квалификаците во групите во Европската лига ќе добиваат околу 3,1 милиони евра, а за влегувањето во групите од новата Конференциската лига околу 1,24 милиони евра.
Првото финало ќе се одигра во Тирана на 25-ти мај 2022 година на „Арена Комбетаре“ која има капацитет од 21.690 гледачи. Овој стадион беше отворен во ноември 2019 година со квалификацискиот меч меѓу Албанија и Франција. Изграден е со помош на програмата „ХетТрик“ на УЕФА.