Црногорска црква предизвика контроверзи во јавноста откако на нејзиниот ѕид беше насликана фреска на која е претставен поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито како гори во пеколот заедно со Карл Маркс и Фридрих Енгелс.
Оваа новоизградена црква на Воскресението е лоцирана во Подгорица и е жестоко критикувана поради својот раскошен дизајн.
Критичарите велат дека црквата не треба да се меша со политика.Авторот на овој контроверзен фрескоживопис е анонимен.
Делата на филозофите Маркс и Енгелс беа задолжителна литература во времето кога Црна Гора беше дел од комунистичка Југославија.
Еден црковен водач именуван само како Драган, за АФП изјавиl дека “Маркс, Енгелс и Тито се персонификација на комунистичкото зло на Балканот” и дека “на уметникот му е дозволена уметничка слобода и гледање на работите како што тој сака”.
Посетителите во црквата имаат поделени мислења за тоа дали фреската треба да остане.