“Ниту го разбирам, ниту го оправдувам сервилниот однос на македонските здравствени власти кон земјите од ЕУ, во врска со вакцината за заштита од Ковид. Не само што се затворени и себични, туку и навредливо се однесуваат и кон нашите граѓани и кон нашата држава.
Замислете, јавно признаваат дека немаат доволно производство на вакцини за заштита ниту на нивното население и едновремено ни забележуваат нам, доколку бараме решение за заштита на нашето население надвор од ЕУ.
Нивните компании ќе испорачале вакцини за Македонија по задоволување на нивните потреби. Единственото објаснување е дека ние сме кандидат за членство во ЕУ и не било упатно да набавиме вакцини од Русија или од Кина. Дрско и безобразно. Додека тие да ги вакцинираат и последните криминалци по затворите, ние не можеме, ниту здравствените работници, ниту најризичните групи”, пишува Тито Петковски на Фејсбук.
Петковски ги охрабрува нашите здравствени власти да сторат сè што е во нивна можност и во најкраток можен рок да набават вакцини од производители кои се во состојба да ни ги испорачаат.
Вакцина!
“Ниту нивните животи се поважни од нашите, ниту пак нивните вакцини се посигурни од оние на Русија и Кина, според оценките на самите западни производители”, пишува Петковски.