Титулата „кралица Камила“ се воведува на крунисувањето

Титулата „Кралица Камила“ беше употребена првпат во официјално својство, појавувајќи се на поканите за крунисувањето на кралот Чарлс III, а ќе стане нејзина титула по крунисувањето.

Камила официјално се ословува со „кралица сопруга“ од смртта на кралицата Елизабета Втора, но е именувана како кралица Камила заедно со кралот Чарлс III на поканите што ќе бидат испратени до повеќе од 2.000 гости.

Кралската мрежна страница ќе биде ажурирана по крунисувањето за да ја одрази промената на титулата на Камила, а кралица сопруга ќе биде заменето со кралицата Камила, соопшти Багингамскиот дворец.

Овој потег го означува неверојатното патување на Камила во текот на повеќе од пет децении, од романтична врска до љубовница и конечно сопруга на кралот, а ќе кулминира со нејзиното официјално крунисување како кралица покрај новиот крал.

Идниот крал, принцот Џорџ, ќе игра важна улога во крунисувањето на неговиот дедо заедно со седум ученици, од кои сите ќе бидат пажеви коишто ќе ги „придружуваат нивните величества за време на службата за крунисување“. Момченцата се или семејни пријатели или блиски роднини на Чарлс и Камила, вклучително и тројца внуци на кралицата.

Со крунисувањето следниот месц, објавена е нова фотографија на кралот и кралицата облечена во фустан на Фиона Клер. Насемеани се во синиот салон на Бакингемската палата на фотографијата направена од Хуго Бурнанд, омилениот фотограф на кралското семејство.

Извор од дворецот рекол дека имало смисла Камила да се нарекува Камила како кралица Консорт (сопруга) во раните месеци од владеењето на кралот, за да се разликува од кралицата Елизабета Втора.

„’Кралицата Камила’ е соодветно решение за титулата ‘Кралот Чарлс’ на поканата. Крунисувањето е соодветно време да се започне со употреба на ‘Кралица Камила’ во службено својство. Сите поранешни кралици биле познати како ‘Кралица’ во додатокот на нивното име“, појаснил.

Поканата е испечатена на рециклиран материјал и богато украсена со лисје според дизајнот на уметникот Ендру Џејмисон. На неа пишува: „Крунисување на нивните височества кралот Чарлс III и кралицата Камила – По заповед а кралот, Ерл Маршалот е упатен да го повик… да биде присутен во црквата Вестминстерската опатија на 6-ти мај 2023 година“.

Имаше шпекулации за тоа каква титула ќе носи Камила кога Чарлс ќе се качи на тронот, но покојната кралица ги отфрли гласините во февруари минатата година кога рече дека е нејзина „искрена желба, кога ќе дојде тоа време, Камила да се нарекува кралица сопруга”.

Низ историјата сопругите на монарсите биле ословувани како кралици, а историографите и коментоторите од кралскиот дворец сугерираат дека формалтена промена на титулата може да се случи во текот на крунисувањето. Имиџот на Камила се промени откако беше нарекувана „третата личност“ во бракот на принцот и Дијана, принцезата од Велс, за конечно да стане членка на монархијата подготвена да ѝ служи на нацијата.