![pozarna pozarnikari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/pozarna-pozarnikari.jpg?resize=684%2C414&ssl=1)
Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица – татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
Тројцата соизвршители, на 9 август предизвикале пожар на шумско земјиште во државна сопственост, во месноста викана Дупки, во атарот на селото Патишка Река, Општина Сопиште.
Со запалива течност – моторно масло и бензин полеале и запалиле нискостеблеста шума и суви треви, предизвикувајќи општа опасност за животот и телото на луѓето и за имот од големи размери.
Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец.