
ТМРО ја поздравува одлуката на Македонскиот државен врв за поставување бодликава ограда на јужната граница, како мерка за спречување на влез на мигранти. ТМРО беше прва и единствена партија која уште пред пет месеци побара поставување ограда, со цел зачувување на Македонскиот карактер и христијанските темелни вредности.
Планинскиот џеб кај Дојранското езеро на тромеѓето е зелената трансферзала-ЗЕТРА, планински канал од Истанбул, преку Македонија до Европа, од каде децении наназад се врши шверцот на дрога и оружје, и тоа е местото од каде и сега илегално влегуваат мигранти. За ТМРО ова е клучниот дел кој покрај со бодликава ограда, мора да биде обезбеден и со воено присуство, под полна воена опрема. Одговорот на прашањето, зошто не е евидентиран влезот во РМ на еден од терористите во Париз е токму, неговиот илегален премин преку коридорот ЗЕТРА, се вели во соопштението на ТМРО.