![шехтански](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/sehtanski.jpg?resize=480%2C360&ssl=1)
Интегрален текс од соопштениео на ТМРО:
Не денешен ден 3- ти Октомври 1995 г. во центарот на Скопје беше извршен атентат над претседателот Киро Глигоров.
Настанот се случи само еден ден после неговото враќање од Белград и разговорот со Милошевиќ, а веќе на 5 – ти Октомври собранието на РМ со гласање го промени знамето со шеснаесеткракото сонце, како и измените во Уставот со кој македонската држава се откажува од грижата за Македонците во соседните земји, законски измени кои тогашниот штотуку новоименуван вршител на должност претседател и на собранието и на државата во отсуство на Глигоров, експресно го потпиша.
Според ТМРО, нашето МВР и безбедносните служби се однесуваат чудно веќе 21 година, без откривање ниту на нарачателите ниту на извршителите, за настан после кој дојде до рекомпонирање на државното и уставното уредување на Македонската држава.