
Не може причината што оваа пролет ќе има парламентарни избори во Србија и на Косово да биде причина и за парламентарни избори во земјава, сметаат од партијата ТМРО.
„Ваквото сценарио за дополнително вжештување на политичката нестабилност со уцени и со немири прелеани од балканското соседство можат да бидат фатални за Македонија, која се соочува со сериозен предизвик во кој мора да влезе со пресметан ризик, но и сериозна и добро проценета одлука“, сметаат од партијата.