
Донесување на официјална резолуција на Македонското собрание со кое се осудува Српскиот геноцид во тој историски период е легитимна и нормална постапка која требаше да се донесе уште 1991, но и денес во 2017 ќе има иста важност, вели претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.
Во продолжение интегрален текст од соопштението на ТМРО:
Периодот од 1912 до 1941 е период на српска окупација на Македонија, проследен со планска колонизација на Српско население, насилно менување на презимињата на ИЌ, но и неспорен историски геноцид извршен со крвавото задушување и масакрирање на цивилното население во Тиквешкото востание 1912 и Охридско- Дебарското востание 1913 во кое заедно против Српската окупација се бореле Македонците и Албанците.
Донесување на официјална резолуција на Македонското собрание со кое се осудува Српскиот геноцид во тој историски период е легитимна и нормална постапка која требаше да се донесе уште 1991, но и денес во 2017 ќе има иста важност.
Жртви на српскиот геноцид се и членови на моето потесно семејство и ТМРО не гледам никаква причина зошто сите политички субјекти не би потпишале историски документ како потсетник на минатото и поука за иднината – истакна претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.