Тоа е она што го носи новиот дух, она што го носи премиерот Мицкоски, вели Ѓорчев

Ништо чудно и Илон Маск да дојде во Македонија, вели поранешниорт амбасадор Марјан Ѓорчев во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски, потенцирајќи го големиот успех и чест кои на Македонија и ги носи ексклузивитетот на присуството на премиерот Христијан Мицкоски и самата покана за инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп. Македонскиот премиер беше единствениот присутен и поканет лидер од Балканот.  Ѓорчев очекува и големи инвестиции, најмногуи за година-година и половина. Тоа е она што го носи новиот дух, она што го носи премиерот Мицкоски, потенцира екс амбасадорот, кој гледа голема шанса за Македонија отворена со блиските контакти со администрацијата на Трамп, во која има и бизнисмени со македонско потекло како Крис Павловски, луѓе кои ги отвораат вратите за нашата земја за засилена економска и политичка соработка со САД, но и за притисок на Вашингтон кон Брисел конечно да ги отвори вратите кон целосна интеграција на нашата земја во ЕУ.

-Ова значи многу, затоа што ние сме и единствена држава од Западен Балкан која има стратешко партнерство со САД од 2008.година. Тоа за мене е голема предност. Мислам дека сега имаме голема шанса затоа што целиот концепт, уште пред победата на ВМРО-ДПМНЕ, се знаеше дека Крис Павловски, со кој се сретна премиерот Мицкоски, сопственик на една голема фирма – „Рамбл“, дека е можно ако победи ВМРО да се случи нешто што се случи и претходно со една друга вмровска влада, кога дојде Џонсон и Џонсон, кој што носи две милијарди евра со преработнките на платина во Велика Британија со што ВБ стана наш втор трговски партнер после Германија, посочува Ѓорчев.

-Надежта е дека повторно Македонија – по отворањето на Кромберт и Шуберт,  на Дрекселмаер, на Џонсон и Џонсон, дека имаме повторно шанса преку таквите контакти со Крис Павловски кој што е многу близок со Илон Маск, а ништо чудно и Илон Маск да дојде во Македонија. Ништо чудно во Македонија во технолошките зони повторно да се отворат нови фабрики, од еден друг тип и развоен концепт со којшто можеме да придонесуваме и во информатичката/вештачка интелигенција. Еве, нашиот академик Љупчо Коцарев е поканет од кинеската академија да работи на проект на вештачка интелигенција, каде што ништо чудно со македонската влада и со американската да отворат еден голем проект, тој 12 години работеше во Сан Диего на проектот за вештачка интелигенција, потсетува поранешниот амбасадор.

-Тоа е тоа што го носи новиот дух, она што го носи нашиот премеир Христијан Мицкоски, а не како оние претходно само со папагалско повторување „Сакаме во ЕУ, сакаме во ЕУ“, а не дојде ниту една инвестиција 7 години, а се задолживме за 5 милијарди евра, па долгот од 6 милијарди стана 11 милијарди, а во меѓувреме општествениот производс не порасна ни толку за колку што се задолживме, вели Ѓорчев.

-Во тој контекст, по она што го прави премиерот – средбите со Крис Павловски, со други негови соработници во Канада и САД, кои што го имаат потпишано тој договор ТТП, го кажав неговото значење, каде што европските врати се отворени, ќе бидат отворени и македонските врати, јас сум убеден дека за година, најмногу за година ипол ќе дојдат големи инвестиции во Македонија кои ќе значат голем подем. Знаете, странските доиректни инвестиции се инјекција за брз еконосмки развој. Така, Македонија може многу брзо да го фати приклучокот на современо развиените земји. Со ВИ, со дигитализацијата, со машинската индустрија, со новите вложувања во енергијата и она што мене ми е фах, новите вложувања во производството на храна и вода, ние тоа го моеже. Светот во 21-от век е битка за енергија и за храна. Се надевам дека нашата нова влада заедно со помош на САД, тој пазар е огромен, цени Ѓорчев.

-Мислам дека тука нашиот стратешки партнер е најважен, особено нивниот притисок врз ЕУ иза еден стабилен европски континент из а завршувањето на онаа вечна енигма дека земјите од западен Балкан се се уште неподготвени за интеграција, што мислам дека е една небулоза – 2004-та година Естонија, летонија и Литванија беа три пати понеподготвени од нас, а во 2007-ма Романија и Бугарија беа пет пати понеподготвени од Макеоднија, потсетува екс амбасадорот.

-Мислам дека тој американски стимул до ЕУ дека треба да се отвори таа европска порта, со брз економски раст и со помош и на европски пари – добиваме 750 милони ерва од пакетот за брз економски раст, со американски инвестиции дека можеме да се надеваме дека, барем јас мечтаев на времето за тоа кога студирав 70-те години во Скопје, дека еден ден ќе бидеме дел од европскиот свет, вели Марјан Ѓорчев во „За или против“ на ТВ Алфа.