Високиот суд во Лондон до средината на октомври ја одложи расправата на која ќе се расправа за уште едно барање за право на жалба на основачот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ на одлуката за екстрадиција во Хрватска, а по барање на неговиот адвокат Џејмс Хинес, кој тврди дека има нови докази.
Новиот адвокат на Тодориќ, Хајнс, побарал дополнителни 28 дена да поднесат барање за правото на жалба, тврдејќи дека имаат нови докази.
Судијата го одобри ова барање и закажа ново рочиште во средината на октомври, кога одбраната ќе има еден час да ја презентира скицата од новите докази, а судијата експлицитно нагласи дека тоа мора да бидат нови докази, а не преформулирање на старите докази што ги отфрли првостепениот суд во пресудата од 23 април, со која се пресуди дека Тодориќ треба да биде екстрадиран во Хрватска.
Судот тогаш требаше да одлучи дали да ја прифати одбраната на Тодориќ. Ако ја прифати тогаш може да започне процесот на жалба, а ако ја отфрли привремената одлука станува извршна и ќе следи екстрадицијата.
Тодориќ беше уапсен на 7 ноември лани во Лондон, каде што се повлече по избувнување на аферата „Агрокор“, но беше ослободен истиот ден со кауција од 100.000 фунти и со обврска да се јавува во судот.
Хрватското обвинителство го товари Тодориќ, неговите синови, 12 менаџери и ревизори за нелегално стекнување на 1,142 милиони куни (над 150 милиони евра) преку „Агрокор“.