Тодоров: Бујар Османи потврди дека парите ќе бидат двојазични

Бујар Османи потврди дека парите ќе бидат двојазични. Парите ќе се употребуваат само во Тетово, или ќе се употребуваат и во Струмица и во Велес и во Гевгелија?

Вакво прашање во интервјуто за Топ Тема на Телевизијата Телма постави членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров откако беше прашан од каде му е информацијата дека двојазичноста ќе биде воведена на целата територија на Македонија.

-Тие се договориле банкнотите и монетите да бидат двојазични, тоа ќе коштало многу, но употребата на јазикот немала цена, посочи Тодоров цитирајќи го портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.