
Она што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преговараа во неуспешните преговори е ирелевантно. Важно е тоа што се договориле СДСМ и ДУИ, истакна членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров во интервјуто во Топ Тема на Телевизијата Телма.
Тој вели дека не е прашањето што има во тиранската платформа, туку каде е направена и како таа влијае на независноста на Македонија.
-Не може да се дискутира за платформа направена во друга држава и од друг премиер, а се однесува на формирање нова влада во Македонија, потенцира Тодоров.
Посочи дека за време на преговорите меѓу неговата партија и ДУИ ниту еднаш не беше спомнато дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатиле платформата, и како што вели, вчера Османи кажа оти СДСМ ја прифати платформата.