Предвремените парламентарни избори не донесоа излез од кризата, а главна причина за тоа е пост-изборната платформа составена во друга држава, изјави за ТВ НОВА членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.
Во интервју за ТВ НОВА, Тодоров истакна дека претходните избори не донесоа крај на кризата и покрај очекувањата, туку напротив ја продлабочија. Вели, за тоа има повеќе причини, но една од основните е платформата направена и подготвена во друга држава, со премиер од друга држава.
Се работи за постизборна платформа за којашто граѓаните не беа информирани и немаа можност да се изјаснат по тоа прашање. Имајќи го тоа в предвид најдобра опција би биле парламентарни избори заедно со локалните. На тој начин би немало дополнителни трошоци и не би се губело време. Веруваме дека само така резултатите ќе бидат појасни, смета Тодоров.
Додаде дека доколку СДСМ сакаат крај на кризата, треба да се согласат и да прифатат нови избори.