![izbori-500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/izbori-500.png?resize=500%2C230&ssl=1)
Мислам дека страстите ќе се смират целосно после изборите. Изборите се финалното решение на кризата во Македонија. Овој договор е само еден чекор поблиску до финалното решавање на кризата во Македонија, рече вицепремиерот во владата на Република Македонија и министер за здравство Никола Тодоров во гостувањето во Отвореното студио на ТВ Нова.
Овој договор е мост или можност да се отвори патот целосно кон доаѓањето кон тоа финално решениe. Точно е тоа и тоа навистина ме загрижува дека има сериозна поделба во општеството и ние како политичари, сите партии мораме да направиме се што е можно повеќе таа поделба да ја намалиме. Неможе политиката да биде борба за живот. Политиката треба да биде борба на програми или идеи, а не борба за живот или смрт. Доколку така се поставува политиката, поделбата во општеството се повеќе ќе расте. Тоа е нешто што мораме да го спречиме. Ние треба на политиката да гледаме како на борба на концепти, на идеи, на програми за подобрување на определни состојби во државата, а не борба на живот или смрт, рече Тодоров.