Никола Тодоров, носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3 денеска е во посета на Делчево и Македонска Каменица каде пред граѓаните промовираше проекти од програмата Проверено.
Тодоров се осврна на проектот за поддршка на занаетчиството и занаетчиите во земјава и истакна дека е предвидено субвенционирање до 60 отсто од признатите трошоци кои се направени од занаетчиите за развој на занаетчиството.
-Овој проект предвидува државата да субвенционира до 6о отсто од признатите трошоци кои се направени од занаетчиите за развој на занаетчиството во Македонија. Тоа се претежно трошоци за набавка на алат, трошоци за развој на производ, дизајн, трошоци за стекнување со титула мајстор. Трошоците можат да бидат најмногу до 120.000 денари, рече Тодоров.