![images (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/images-15.jpg?resize=290%2C174&ssl=1)
Никола Тодоров, носител на листата во третата изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска го промовираше проектот за развој на манастирскиот туризам во земјава.
„Денеска сакам да промовирам уште еден проект од 2.046-те проекти. Тоа е проектот за развој на манастирскиот туризам. Со овој проект предвидуваме во соработка со МПЦ-ОА да развиеме веб-страница со електронски водич за сите манастирски капацитети кои нудат можности за сместување и манастирски туризам“ – изјави Тодоров по посетата на црквата „Воскресение Христово“ во скопско Зелениково.
Предвидено е проектот да се реализира до следната година.