Тодоров: Мнозинството во ДИК му ја задоволи желбата на Заев

тодоров

Мнозинството на ДИК одлучи да не верува на јавно дадените искази на сите членови на општинската изборна комисија кои што јавно пред целата македониста јавност изјавија дека ја виделе и констатирале дека госпоѓата Фатиме Сулјемани, претходно го искористила своето право за избор и дозволиле по втор пат да го искористи и не и дозволиле по втро пат да го искористи своето право на глас, рече Тодоров,

Одлуката која што ја донесе мнозинството на ДИК, продолжи Тодоров е скандалозна и нема никаква врска со правото ни со правдата.

-Оваа одлука на ДИК само помага на Зоран Заев да го исполни својот план за пост изборен инженеринг и за фалсификување на волјата на граѓаните  на Република Македонија. Дозволете да се осврнам на уште еден приговор по кој што ДИК треба да одлучи. Ова е уште еден скандалозен приговор поднесен од страна на СДСМ. Станува збор за избирачко место 2011 во Теарце. Најпрво не убедува дека станува збор за некој бугарски воз и дека е фалсификувана волјата на граѓаните и дека некој друг гласал и дека шетале гласачки ливчиња и што ли уште не. На крај пред целата македонска јавност виде дека нема ништо од тоа дека немало ни бугарски воз а ни дека шетале ливчиња ниту дека има било каква повреда. Но сепак мнозинството на ДИК му удоволи уште една желба на Заев за пролонгирање на кризата и обид за пост изборен инженеринг, затоа што се провлекува дека на тоа избирачко место иако не е основан приговорот на СДСМ сепак била нарушена тајноста на гласањето. Ова воопшто не е точно, рече Тодорв и продолжи:

-Има повеќе избирачки места во Македонија преку 20, на кои што гласа само еден гласач. А јас ќе се осврнам на само едно. Тоа е избирачкото место 06040 во Демир Хисар. На ова гласачко место гласал само еден граѓанин, тој еден граѓанин гласал за СДСМ. Целата изборна комисија и сите набљудувачи знаат кој е тој граѓанин, затоа што само еден граѓанин гласал и тој еден граѓанин гласал за СДСМ. Ова е јавен податок и овој податок е објавен на официјалната страна на ДИК. Дали ова значи дека и на ова избирачко место е нарушена тајноста на гласањето? Не. Одговорот е не. Исто како во случај кога некој член на избирачкиот одбор помага на некој гласач на кој што му е потребно помош при гласање за да гласа. Заради ова членовите на избирачките одбори имаат потпишано изјава за чување на тајност на податоци. Тие се должни овие информации кои што ќе ги дознаат а се поврзани со гласањето, да не ги сопашат на никој. Затоа апелираме до мнозинството на ДИК да не подлегнува под било какви барања на било кого а особено не на Заев и на неговите желби за пролонгирање на кризата и за пост изборен инженеринг. ДИК не смее да биде соучесник во обидот на Заев да направи пост изборен инженеринг во Македонија и да ја фалсификува волјата на граѓаните. Ако мнозинството на ДИК одлучи да биде соучесник во пост изборниот инженеринг преку носење на скандалозни и против законски одлуки за тоа мора да има одговорност. Апелирам до ДИК да работи по закон, заклучи Тодоров.