Тодоров: СДСМ борејќи се за независност на медиумите, бараат начин како да имаат контрола

Според вицепремиерот во владата на Република Македонија и министер за Здравство Никола Тодоров нелогично и не е во линија со демократија, плурализам опозициската партија да   одредува главен и одговорен уредник на јавниот сервис, но како што вели, тоа било едно од барањата на СДСМ и нешто што тие го сметаат за многу значајно, па затоа било прифатено.

За цело време, забележувате но, тенденцијата која што СДСМ ја форисира во медиумите е контрола и они наводно борејќи се за независност на медиумите, бараат начин како да имаат контрола. Доказ за тоа, велат медиумите да бидат независни, а бараат да имаат од нив поставен уредник  во МТВ, тоа е тотална контрадикција. Но немаме друг начин да им го покажеме другото лице, да им го покажеме вистинското лице на СДСМ на граѓаните и вистинските нивни заложби да излезат на виделина. Значи сега сите граѓани ќе знаат дека СДСМ не се борело за независност на медиумите, туку за  контрола на медиумите. Ако се бориш за независност неможеш да речеш медиумите ќе бидат независни само кога СДСМ ќе предложи главен и одговорен уредник на МТВ. Тоа ќе биде предлог на СДСМ и сите ќе знаеме дека медиумите се контролирани од СДСМ, рече тој.