Тодоров: СДСМ отпушти 200 илјади луѓе од работа, ВМРО-ДПМНЕ отвори нови фабрики, работни места и ја зголеми вработеноста

Дали е точно дека кога се прави една приватизација во која што луѓето блиски до СДСМ без пари си ги земаа фабриките, се уништија сите фабрики, се испуштија 200 илјади луѓе од работа и не се отвора ниту една фабрика или е време во кое што се отвораат фабрики, нови работни места, се намалува сериозно невработеноста и сериозно се зголемува вработеноста, вели Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „само вистина“ на Канал 5 телевизија.

-Не зборуваме за невработеност која административно се брише од агенција за вработување, туку намалување на невработеност како резултат на сериозно зголемување на вработеноста. Затоа велам многу често се користат тешки зборови без да се има аргументи. Ние во 2006-та година наследивме ситуација во која што имавме 38,7 проценти невработеност и тоа беше економска катастрофа, тоа е уништување комплетно на државата, потенцираше Тодоров.

Тој вели и дека државата во тој момент како да немаше економска моќ, а сега имаме ситуација кога имаме 23 проценти на невработеност која според него е се уште висока, но од 38 до 23 да додјеш е сериозна работа вели Тодоров.

-Ова значи дека се отвориле нови фабрики, нови работни места, се направиле подобра бизнис клима, привлекување на инвестиции и затоа велам не може така паушално да кажувате дека е црно а сега наеднаш се ќе стане бело, истакна Тодоров.

На прашањето на Тодоров дали парите ќе бидат двојазични и дали униформите ќе бидат двојазични Спасовски му одговори дека за тоа ќе се дискутирало во Собранието на Република Македонија.
https://youtu.be/xt3zXaMmzzQ