Јас нашиот претседател Иванов го познавам како професор кој беше омилен меѓу студентите пренесувајќи им ги сите знаења, сакајќи да го надминат. Го познавам и како претседател кој го потпиша законот за буџет, кој се спротивстави на едно многу црно сценарио, но го познавам и како човек кој се бореше и ќе се бори за секое едно ново работно место во Република Македонија.
Ова го изјави министерот за здравство и член на ИК на ВМРО-ДОМНЕ, НиколаТодоров денес на митингот во Македонска Каменица.
„Го познавам како претседател кој се сретна со многу светски лидери и не пропушти на ниту една средба со цело срце, посветено да се бори да ги отвори вратите за странските инвеститори во Република Македонија и да се отварат нови работ места. Да се решава проблемот кој сите нас не тишти,а кој што ни го оставија во наследство нашите политички конкуренти кога во транзијата оставија 200 000 луѓе на улица“, посочи Тодоров.
Тодоров истакна дека претседателот Иванов ги отворил вратите на својата канцеларија за сите граѓани и се обидел да помогне на над 5.000 граѓани во текот на неговиот мандат .
„Тоа е човекот кој што сите ние треба да го поддржиме без размуслување, затоа што со таков човек Македонија гази сигурно, Македонија оди напред“, додаде Тодоров.
Во овие моменти, една политичка партија ДУИ, води активна јавна кампања дека претседателските избори не треба да успеат и дека во Македонија не треба да се избере претседател, посочи Тодоров.
„Тоа ние нема да го дозволиме, тоа нема да помине. Ќе се спротивставиме на демократски начин, како што им доликува тоа на македонските граѓани на суверена, независна и самостојна Македонија“, истакна тој.
Тодоров додаде дека со масовна излезност на 12 и 27 април македонските граѓани ќе покажат дека размислуваат разумно и ќе гласаат за актуелниот и кандидат за претседател Ѓорге Иванов.