
-Така ќе им помогнеме на оние студенти кои што сакаат да продолжат со магистерски и докторски студии. Бодувањето за критериумите како ќе се избираат овие студенти на кои што ќе им се даде стипендијата во најголема мера ќе зависат од нивната материјална положба, но и од видот на студиите. Техничките науки и медицинските науки ќе бидат привилегирани и ќе носат одреден број на бодови, а 60 бода ќе носи материјалната положба на студентите. Имајќи предвид дека докторските студии понекогаш чинат и до 5000 евра, а магистерските студии исто така одредена сума и тоа е сума која не можат да си ја дозволат некои од студентите, рече Тодоров.
Тој посочи дека се предвидува и продолжување на проектот за доделување на 500 стипендии на талентирани спортисти. Стипендија која се доделува 10 месеци и изнесува 4400 денари.