Тодоров: Тендерот со „Висарис“ е раскинат

Договорот со фирмата „Висарис“ е раскинат поради „нарушување на принципите на чесност и етичност, рече министерот за здравство, Никола Тодоров денеска во Собранието одговарајќи на  прашање од  пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ.

„Целата постапка околу доделувањето на овој тендер е повторно разгледана и нема никакви грешки и повреди на условите за негово спроведување“, рече министерот Тодоров.

Но, тој ги праша пратениците од опозицијата дали истото ќе го стори и нивниот лидер Зоран Заев и дали поради принципите на етичност и моралност ќе ги раскине тендерите, за како што рече тој, доделени на неговите родители, браќа и роднини.