Фирмата “Висарис“ со која Министерството за здравство имаше потпишано договор за набавка на опрема, како што рече денеска министерот за здравство Никола Тодоров, е раскинат поради неетичност. Но, останува прашањето дали истото може да го стори и струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев со фирмите на членови на неговото семејство, негови пријатели и блиски соработници.
Тодоров одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека иако тендерот бил спроведен законски, сепак го раскинал договорот со „Висари“, чиј сопственик своевремено била и уредничката на ТВ Сител Ивона Талеска.
„Го раскинав договорот врз основа на начелото за нарушување на совесност и чесност предвидени со Законот за облигациони односи. Знам дека ќе речете ’ме фатија’, ама ние секогаш кога ќе видиме дека има неетичко работење, преземаме мерки. Дали ова начело на етичност важи и за лидерот на опозицијата?“, рече министерот од собраниската говорница.
Тој додаде и дека за веќе раскинатиот тендер со Висарис досега има исплатено нула денари, додека во тендерите на Заев има една разлика, таму како што посочи Тодоров, нема назад бидејќи парите се веќе исплатени.
„Колку пари се исплатени на таткото, братот, свастика на лидерот на вашата партија. Дали Заев знаел или морал да знае дека склучува довгоовор со својот татко, брат и најдобар пријател, бидејќи морал да знае“, истакна Тодоров.
Тодоров праша дали вакви морални вредности важат и за Заев и дали и тој водејќи се овие начела ќе има сила да ги раскине договорите со неговите роднини и пријатели.
Во изминатиот период беше обелоденето дека Заев на своите блиски преку јавните претпријатија им доделувал договори за јавни набавки вредни милиони денари.