Во Македонија се воспостави неформално правило – победник со победник, односно победникот од македонскиот да коалицира со победникот од албанскиот блок, потсети потпретседателот Никола Тодоров во интервју за ТВ НОВА.
Правилото беше востановено како резултат на разговори, сугестии, ставови и на меѓународната заедница. Правилото беше прифатено, а спроведено дури и во време кога ВМРО-ДПМНЕ немаше потреба да земе ниту еден партнер бидејќи имаше мнозинство во парламентот. И покрај тоа, коалиравме со победникот од албанскиот блок. Сега се убива овој неформален концепт и од овој момент натаму тоа правило не би требало да се применува во државата, истакна Тодоров.