
На средбата беше разговарано за понатамошно продлабочување и зајакнување на соработката и размената на искуства.
Акцентот беше ставен на соработката во делот на едукација и усовршување на докторите и размена на искуства и знаења преку реализирање на посети и истражувања во рамки на докторските студии на лекари и истражувачи од Република Македонија на Институтите во Вашингтон.
Реализирањето на планираните активности и соработката со Националниот институт за здравство се од исклучително значење пред се во насока на зајакнување на капацитетите на ПЕТ Центарот во Скопје. Воедно тема на разговор беше и зајакнување на меѓусебната соработка во областа на дијагностицирањето на ретки болести.
Националниот Институт за здравство (NIH) претставува биомедицински истражувачки центар кој функционира под капата на американското Министерство за здравство и се водечка агенција на Владата на САД одговорна за истражувањата поврзани со здравството и биомедицината.
Во рамки на НИЗ спаѓаат 27 одделни институти и центри кои спроведуваат истражувања во разни дисциплини од биомедицинската наука со цел практична примена на стекнатите знаења и искуства и резултати во насока на зајакнување на здравјето, продолжување на животниот век кај луѓето и редуцирање на опасноста од разни заразни заболувања.
Инситутите годишно инвестираат околу 32 милијарди долари за спроведување на медицинските истражувања.