![dafina stojanoska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/dafina-stojanoska.jpg?resize=640%2C308&ssl=1)
Социјалдеморкатскиот сојуз ги излажа и младите специјализанти, покрај докторите од клиниките, кои не го добија ветеното покачување на платите до 100.000 денари, СДС ги излажа и младите специјализанти, нагласи во средата на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
Стојаноска посочи дека владејачката партија ветуваше плата и придонеси за приватните специјализанти, а не го исполни ветувањето.
„СДС во познатиот манир на празно ветување и манипулирање со јавноста, за 100 дена влада напразно зборуваше дека специјализантите заслужуваат да бидат платени. Од тогаш поминаа два месеца, специјализантите се уште заслужуваат да бидат платени, но од ветувањето на СДС не е реализирано ништо. Во буџетот за 2018 година не се предвидени средства за плата и придонеси за младите специјализанти. СДС ги остави на цедило младите специјализанти, како што ги остави и докторите специјалисти од клиниките на кои напразно им ветуваше плата од 100.000 денари. Дополнително, СДС не продолжи да ги реализира ниту кофинансираните специјализации кои ги отпочна владата на ВМРО-ДПМНЕ и со кои државата покриваше најголем дел од надоместокот на младите специјализанти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ објави вкупно пет огласи за кофинансирани специјализации за дури 345 специјализации во бројни медицински области“, рече Стојаноска.
Посочи дека и оваа група малди медицински специјализанти била изиграна од страна на Владата предводена од СДСМ.
„Само за споредба, владата на ВМРО-ДПМНЕ десеткратно го зголеми бројот на специјализации кои се доделуваа на годишно ниво, за разлика од претходно. ВМРО-ДПМНЕ за првпат овозможи специјализација на доктори во реномирани медицински центри во странство како Германија, Хрватска, Србија и други земји. И што е уште поважно, владата на ВМРО-ДПМНЕ значително ја намали цената на приватни специјализации за 20%.Дали СДС ќе исполни некое ветување или ќе продолжи со лаги и манипулации да ги поткупува здравствените работници?, праша Стојаноска.