Севернокорејскиот нуклеарен тест во неделата ослободил сила процената на 160 килотони, која е повеќе од десет пати поголема од онаа на американската атомска бомба фрлена над јапонскиот град Хирошима летото 1945 година, изјави во средата јапонскиот министер за одбрана врз основа на информациите од меѓунардната организација.
Јапонија првично ја објави процената од 70 килотони произведени со експлозијата на бомбата за којашто Северна Кореја тврди дека било успешно тестирање на хидрогенска бомба. Потоа, потпирајќи се на процените на Организацијата за договор за целосна забрана на нуклеарните тестови (CTBTO), во вторникот вечерта процената беше подигната на 120 килотони.
Во средата претпладнето јапонскиот министер за одбрана Итсунори Онодера појасни дека најновата пресметка на CTBTO дошла до повисок разултати од „околу 160 килотони“, наспроти 15-те килотони за бомбата исфрлена на 6-ти август 1945 година врз Хирошима од која загинале 140.000 луѓе.
„Таа пресметка го зема предвид земјотресот со магнитуда од 6,1 кој експлозијата го предизвикува“, истакна министерот во изјавата за телевизиите.
Вредноста од 160 килотони за доста ја надминува процената од Советот за безбедност при ОН на шефот за политички прашања при светската органзиација Џефри Фелтман, кој спомена распон меѓу 50 и 100 килотони. Јужнокорејските фунционери, пак, проценија дека севернокорејската бомба имала моќност од 50 килотони.