Толеранција ерго сум

Среќни и честити празници на сите вас, драги мои, зиповано и спакувано, а и за оние од поинаков формат и арј ако треба, па и за про во raw формат, важно да не се разводнуваме, па данлодирајте ги моите добри желби и нека бидат светла икона на вашиот декстоп

Има уште денови со добри причинии за пожелување „сфенајбоље“ и сите сродни карактерно – описни атрибути на формалните, ем патетичните добро-емотивни спамови, кои какви и на кое и да се ниво, сметам дека не можат да загадат ниедна ментално-духовна средина и затоа нека се предозираат и со неискрени честитки за добро здравје, љубов среќа, бериќет, се’ она што козумерцизмот не може да ви го пружи иако сесрдно комепанзирате.

Шизофренија

Да, баш така, рекациите ваши денес се очебијни, преполни со икони и просветлувачи писанија, од уста и перо да светителите извадени, да се придобијат што е можно лајкови кои ете, ни даваат чувство на квантум на самопродуховеност и издигнување на просечноста, која бара огромни колични на стереотипна патетика која суштински е празна, но количината на одобрена форма иако е обратнопропорционална со нивото на хипокризија, сепак и подобра за скоро било кој статичен ум, одошто суштествен  исчекор – молитвено копи-пасте, а храмови празни. Веднаш после небесните желби кои содржат и поиште љубов одошто Креаторот кој ја има споделено таа благодатна, нестварна енергија, ја призвојуваме со сопствената ароганција на незибрани, ем недостојни епископи и почнува тирадата за попови, џипови, лажичето, СДСМ, ВМРО, вакцини про и конта, Ѓоковиќ за и против, и мал милион објекти каде нашата омраза или контра став ќе дојдат во израз на омаловажување на противникот во оваа дигитална ката на квази-интелектуална борба.

Толеранција никаква, посакувани енергии за смрт и уништување колку сакаш со лажни ставови ЈАС НЕ МРАЗАМ НИКОГО, а писанијата во кои се повикува на вили и ломачи се благоухонно небесно одобрени, оти вие така сте одлучиле.

Не сме само огнови, ние сме Џокери кои би сакале да го видиме светот како гори само затоа што нашиот тим, партија, иделогија, омилен филм, календар, национални интереси не се прифатени. Нека гори! …ВЕДНАШ ПОСЛЕ ОБЈАВИТЕ ЗА МИР, ЉУБОВ И СРЕЌА… АМА НЕ ЗА СИТЕ, ТУКУ САМО ЗА ОНИЕ КОИ ИСТОТ ТАКА ВИ ПОСАКАЛЕ, ЛАЈКАЛЕ И КОИ ВИ СЕ ИСТОМИСЛЕНИЦИ, ДРУГИТЕ НА ОГАН – НЕКА ГОРАТ!!!!

А, 90% демек-верници и со кое право му ништите некому право да не се согласува со вас, вашиот став, вашата партија, омилен филм, филзофија, музика и музичар, уметник, календар на славење на ивентите и мал милион „пи*кесилепематерине“ кои ги сиктаме умислени дека сме праведен змеј кој со оган прочистува, а само сме творови кои прдиме и усмрдуваме, пред се’ нашите души, но и повеќе – личноста.

Не нема да станеме подобри луѓе, иако имаме и дадена ни е шанса, но одбиваме, бидејќи искрено да сакаш и искрено го разбреше оној кој не е стрејтер, верник, истомиленик и кој се дава себе си на стратстите и страда, е многу тежок подвиг, нема потежок да сакаш (искрено) некој кој те мрази, кој ти се заканува… а, нема друг начин, за подвиг, ова е единствениот. Сакале или не никогаш нема да бидете дел од финалната пресметка, таа е само Негова привилегија, оти е единствено совршен … наше е барем да се потрудиме, колку и да е тешко.

Голтајте неправда и различно мислење, лоши ставови, погрешни насоки, најдете сила не само да преминете, туку и да разберете зошто некој мисли така како што зборува. Не може само он да е помрачен, ако имате праведнст вие искрено ќе плачете за него … искрено … во време на стискање виртуелни палци и реобјавување кога на некој му треба помош … сите формално Божји луѓе … храмовите празни и целата соборност е на социјални мрежи … но храмовите се исто полни како и секогаш … сите се повикани , малкумина…ќе излезат од матриксот, оти он е спокој, таму нема болка и страдање, се нкако се провлекува.. .хероите свесно страдаат давајќи се за другите, но ова НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ХЕРОИ ниту некој сака да биде … освен со статус на Фејсбук или Твитер, глумеејќи толерантен и преполн со љубоив и разбирање.

И да сте во се во право, а јас грешам – какви ви се делата, конечно?

Автор: Јанко Илковски за НетПрес