Том Хенкс покажал што тој и неговата сопруга јадат во изолација!

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се заразени со вирусот и во моментов се наоѓаат во изолација во Австралија, при што актерот на социјалните мрежи открива како им минуваат деновите.
Овој пат, холивудскиот актер на своите придружници им открил што јаделе заедно со неговата сопруга и им се заблагодарил на луѓето што им донеле храна. Имено, познатата брачна двојка јадела тост, што го мачкале со намаз од остаток на пивски квасец.
„Благодарност до помагачите. Ајде да се грижиме едни за други. Хенксови“, напишал Том на својот Инстаграм од каде редовно ги известува следбениците за неговата состојба.