![tom-cruise](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/tom-cruise.webp?resize=681%2C383&ssl=1)
Американскиот актер Том Круз, кој се прослави со улогата во филмот „Топ Ган“ од 1986 година, во саботата вечерта ја доби највисоката награда на францускиот Аеро-клуб за неговиот придонес во историјата на воздухопловството и за инспирација за идните пилоти, пренесоа француските медиуми.
Наградата, која на 8 февруари му ја врачил претседателот на клубот Катрин Монури, е највисокото признание на оваа престижна историска институција основана во 1898 година, една од најстарите сè уште активни организации на француските авијатичари.
Круз, познат по изведувањето смели акробации, скокањето од авиони и пилотирања на филмските сетови, беше препознаен од професијата и му беше доделено признание за неговото влијание врз историјата на авијацијата.
На видео-снимката од доделувањето на наградата се гледа како се ракува со високи функционери додека присутните аплаудираат. На доделувањето присуствувале францускиот астронаут Тома Готје Песке и астронаутот Клоди (Андре-Дешај) Хањер.
Актерот, чија последна улога е во актуелниот филм „Mission: Impossible – The Final Reckoning“, има изведено екстремни воздушни подвизи, вклучително и летање со двокрилецот „Boeing Stearman“ на 3.000 стапки.
Неговата страст за воздухопловството продолжи во филмот „Top Gun: Maverick“, а тој изведе скок со падобран на отворањето на Олимпијадата во Париз во 2024 година.
Дозволата за пилот ја доби во 1994 година. Во 2022 година му беше доделена титулата почесен член на аеробатската група на француското воздухопловство „Patrouille de France“ и беше одликуван со францускиот Орден Витез на уметностите и книжевноста, кој во 2024 година му беше врачен од француската министерка за култура Радика Дати.
Круз е член на Скиентолошката црква, која се смета за секта во Франција.