Се уште светски популарниот пејач Том Џонс, познат по хитовите “Зелената трева околу мојот дом“, „Дилајла“ и најпознатиот „Секс бомба“, вчера наполни 80 години. Оваа мега музичката ѕвезда кој својот сјај го имаше во седумдесетите години воопшто не е исплашен од годините, дури делува и посвежо од голем број на оние кои имаат одвај 50 години.
Не се откажува од естрадата, тоа секогаш му дава нова енергија.
-Уште не сум за пензија, уште многу години сакам да продолжам да пеам. Можеби некогаш пак ќе се појави уште некоја моја “Дилајла“, уште сум јас “Секс бомба“, вели популарниот британски пејач.
Том Џонс неодамна зборуваше и за својот прв голем хит “Невообичаено“ од 1965 година во документарен филм „Музичкиот пат на Сер Томас“. Сите овие години важи за голем заводник поради кој жените ширум светот сечеле вени.
Има продадено повеќе од 100 милиони грамофонски плочи, а минатото лето на овие балкански простори, одржа голем успешен концерт во Дубровник за солиден хонорар. Во Македонија во живо никогаш не настапил и ако и кај нас има многу огнени обожавателки.