Тома Фила открива: Ќерката на Милошевиќ бараше од татко и да се самоубиеле кога дошле да го апсат

Еден од најпознатите српски адвокати со македонско потекло, Тома Фила проговори досега непознати детали за апсењето на поранешниот претседател на Србија. Слободан Милошевиќ. Клучна улога ноќта кога го апселе имала неговата ќерка Марија која барала тој да се самоубие.

-Не сакаш зарем „Досовците“ да те уапсат. Срамота е-говрела Марија на татко си.

Фила смета дека Милошевиќ тоа не го сторил бидејќи во неговото семејство се убиле и таткото и мајката и тој по никоја цена не сакал да го стори истото.