
Федералното истражно биро (FBI) го идентификуваше 20-годишниот Томас Метју Крукс како „субјект вклучен“ во обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти во неделата Бирото.
Трамп беше закачен од куршум во напад на предизборен митинг во Пенсилванија. Неколку истрели одекнаа околу пет минути откако Трамп го започна својот говор на митинг на отворено во градот Батлер.
Поранешниот претседател се држеше за десното уво кога агентите на тајната служба се упатија кон бината и го легнаа под подиумот, штитејќи го со своите тела.
FBI пукањето во саботата вечерта го прогласи за обид за атентат.
„Вечерва имавме, како што го нарекуваме, обид за атентат врз нашиот поранешен претседател Доналд Трамп. Тоа е сè уште активно место на злосторство“, рече специјалниот агент задолжен за теренската канцеларија на FBI во Питсбург, Кевин Роек.
Претходно тој рече дека властите „работат трескавично за да се обидат да го идентификуваат лицето што го сторило ова и какви мотиви стојат зад тоа“ и побара од јавноста да излезе со информации што би можеле да помогнат.
FBI испрати истражители, тимови за собирање докази и друг персонал од целата земја, рече тој.
Трамп беше полесно ранет во напад на предизборен митинг во Пенсилванија, кој ќе биде истражен како обид за атентат. Неколку истрели одекнаа околу пет минути откако Трамп го започна својот говор на митинг на отворено во градот Батлер. Од публиката се слушаа врисоци.
Портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг, рече дека поранешниот претседател e „добро“. „Претседателот Трамп им се заблагодарува на органите за спроведување на законот и на итните служби за нивната брза реакција за време на овој грозоморен чин. „Тој е добро и моментално е на преглед во локална медицинска установа“, рече Чеунг.