Томас Тухел е трет германски тренер по ред кој ја освојува Лигата на шампионите, а тој и Челси се покажаа како нерешлив проблем за Манчестер Сити сезонава.
По триумфот во Порто, менаџерот на Челси се обиде да објасни како се чувствувал пред финалето, но и освојувањето на пехарот.
– Успеавме, не можам ни да опишам како се чувствувам. Бев навистина благодарен што вторпат стигнав до финалето, но овој пат се чувствував поинаку. Можам да кажам дека чувствував дека сме поблиску. Фудбалерите беа концентрирани и подготвени да ја добијат битката, сакавме да бидеме камче во нивната обувка, – изјавил Тухел.