Агентот на белгискиот интернационалец од редовите на лондоснкиот премиерлигаш Арсенал, Томас Вермален, Кес Вос не даде конкретен одговор на прашањето дали неговиот клиент е контактиран од раководните лица на Манчестер Јунајтед, Барселона и Наполи.
Англиските медиуми пред неколку дена ја пласираа информацијата дека искусниот дефанзивец сигурно ќе си замине од Лондон за време на летиот преоден рок и дека е голема веројатноста дека ќе биде ангажиран од каталонскиот гигант Барселона како замена за легендарниот капитен Карсел Пујол.
„Не можам да зборам на оваа тема. Се ќе биде познато за неколку недели. Сите опции се во игра и таа да остане на “Емиарти” и таа за промена на клупската средина. Факт е дека Вермален има потреба од поголема минутажа, но мојот клиент е среќен во Лондон”, изјави Кес Вос.