Томаш Бердих се закити со титулата на турнирот во Стокхолм

Чешкиот тенисер Томаш Бердих славеше во финалето на турнирот во Стокхолм, совладувајќи го Бугаринот Григор Димитров.

Ова беше 10-та титула во кариерата на Чехот, а до неа дојде откако во финалето против Димитров славеше победа со 2:1 во сетови (5:7 , 6:4 , 6:4).

Томаш Бердих во моментов се наоѓа на 7-то место на АТП листата, но со оваа нова титула и освоените бодови, сигурно ќе напредува некое место погоре.

Бердих, направи голем исчекор кон пласманот на завршниот Мастерс во Лондон , но се уште местото таму не му е загарантирано. Се ќе се знае по турнирот во Париз кој започнува од понеделник.

Засега место на Мастерсот во Лондон обезбедија Ѓоковиќ, Федерер, Надал , Вавринка и Чилич.