На политичката сцена во општина Гевгелија повеќе од 20 години секогаш во коалиција со власта е бизнисменот Атанас Кичуков и неговиот син Томе.
Почнувајќи од бурниот транзиционен период на Бранко Црвенковски па до денес овие ликови ги уживаат сите бенефити без разлика кој е на власт во општина Гевгелија. Се започнува во времето на владеењето на Бранко Црвенковски кога е извршена криминална приватизација на АД Пекара Солун Гевгелија од страна на Атанас Кичуков. Во тој период Атанас Кичуков е главен финансиер на политичката партија ЛДП во Гевгелија. На тој начин Кичуков незаконски се стекнува со огромен државен капитал, а информациите кажуваат дека АД Пекара Солун е купен по цена помала од новата словенска печка која во тој момент се наоѓала таму но не била запишана во основни средства.
Подоцна во време на ВМРО ДПМНЕ неговиот син Томе Кичуков е носител на листата на советници во 2013 година и советник е од редовите на ВМРО ДПМНЕ 4 години. Во овој период се стекнуваат со голема површина по цена од 1 евро во индустриската зона. Исто така по багателна цена ја купуваат и Пиперната во Гевгелија. И во 2016 година Томе Кичуков повторно го менува дресот по назначувањето на неговата вујна Катица Јанева за специјална обвинителка во СЈО со која во тој момент живеат во ист двор станува. Томче Кичуков заедно со уште еден поранешен советник од ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Ѓоргиев-Калм од Негорци, прават независна советничка листа по налог на Катица Јанева со цел да му помогне на Сашо Поцков (сват на Катица Јанева) да стане градоначалник на локалните избори 2017 год. Поцков станува градоначалник, а Томе Кичуков сега заедно со Ристо Ѓоргиев-Калм ги користат бенефитите од власта предводена од Поцков. Во овие четири години 2017-2021 година Томе Кичуков заедно со Ристо Ѓоргиев-Калм како советници вешто глумат неутрална (независна) опозиција и се глас повеќе кога е потребно во лабавото и непостојано мнозинство на СДСМ во советот на Општина Гевгелија.
Кичуков преку вечер регистрира пасишта и добива огромни субвенции за овци, самоволието на овие миленици на власта оди до таму да Кичуков повеќе од година време продава млечни производи без уредно регистрирана млекара, а за тоа не смее да биде санкциониран.
Не се ништо помали бенефитите на Ристо Ѓоргиев-Калм и неговата фамилија. Ристо Ѓоргиев-Калм непречено ја сече шумата сите овие години благодареќи на неговата блискост со власта, додека неговата сопруга зема плата во ПШС “Кожув“ -Гевгелија. Дамјан Ѓуров (зет за ќерка на Ристо Ѓоргиев) патриотот кој работеше на повеќе проекти за изградба на споменици за Скопје 2014 за кои што доби огромни средства, 4 години под палката на Поцков е директор на Библиотеката во Гевгелија. Директорот кој ретко оди на работа и тоа уште повеќе ги провоцира граѓаните на општина Гевгелија.
Приказната продолжува и сега на локалните избори 2021 година. Во услови кога Поцков ништо не сработи во неговиот мандат и не е омилен помеѓу граѓаните на општина Гевгелија, каква таква шанса гледа во Не(ЗАВИСНАТА) советничка листа на Кичуков. Нормално ќе беше Поцков да се повлече со кандидатура со оглед на рејтингот кој го ужива, но Кичуков заедно со Боро Дучков (најблискиот соработник на Сашо Поцков) го убедиле Поцков дека заедно ќе останат на власт. Бидејќи нели “Независните” се зависни од власт и бенефити. Сашо Поцков нема да освои втор мандат, а ќе видиме Томе Кичуков каков дрес ќе облече после локалните избори 2021 година.