На годинашниот 29. интернационалeн книжевен фестивал „Виленица“ којшто ќе се одржува од 3 до 7 септември како гост од Македонија е поканет да учествува писателот Томислав Османли. „Виленица“ е европски афирмиран собир на прозаисти, поети, драматичари, но и на есеисти, издавачи, менаџери во културата и преведувачи. Литературната манифеставија којашто се органиира од 1986 година, а се одржува во Виленица, близу до Копер, но и на поголем број поблиски и подалечни. Како и останатите учесници, и Османли беше поканет од главниот организатор, Словенечкото друштвото на писатели.
29. Фестивал во Виленица ќе оствари повеќе настани: претставувања на книги, тркалезни маси, симпозиуми. Меѓу најзначајните се сметаат книжевните читања кои се случуваат на различни места низ Словенија. Авторите пред публиката читаат делови од своите книжевни дела, коишто инаку се преведуваат на словенечки, а со преводи на англиски и словенечки јазик, се објавуваат и во „Виленичкиот алманах“. На литературното матине кое ќе се одржи во градот Штањел, Томислав Османли на македонски ќе го чита својот расказ „Базен“, инаку дел од книгата раскази и новели „Светилка за Ханука“ којашто постигна бројни меѓународни афирмации. Во текот на читањето, на посебен панел ќе се проектира преводот на тој текст на словенечки, како и на англиски. Нашиот автор ќе настапи заедно со Алек Попов, Димитра Ксидус, Нико Хелмингер и Јоана Павлеску.
Инаку, Книжевното матине во Штањел е еден од средишните настани на Фестивалот со оглед дека на него се доделува наградата `Виленички Кристал`.“ Оваа награда, на еден од учесниците – автори од Средна Европа кои се појавуваат во Виленичкиот Алманах и на фестивалот – му ја доделува повеќечлено меѓународно жири.