Томор Цаноски, братот на Фијат, до Костадинов: Торбешки глас за вас НЕ!

Бизнисменот Томор Цаноски, брат на бизнисменот и политичар Фијат Цаноски, реагираше на пораката на портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов, од Собранието порача:

-И покрај сите блокади на ВМРО-ДПМНЕ, правиме се за да успееме!
И ве уверувам дека ќе успееме со ВМРО-ДПМНЕ или без нив!

На ова Цановски, чија партија ПЕИ е дел од коалицијата на СДСМ, му возврати дека македонските Торбеши веќе нема да гласаат за неа.

-Добро ви прави ВМРО, пошто сите ги оставивте на функцији каде и што беја. Није што останавне по улици да рушиме режим и понатака сме на улица. Зато ке дојдат избори ама ТОРБЕШКИ глас за вас НЕ !!!”, дециден е Цановски.

Инаку, партијата ПЕИ бара во Македонија да биде признаена Торбешка етничка група.