Томовски: Решението нема придобивки ниту за Македонија, ниту за јазикот, освен за оние кои сакаат да ја зачуваат фотелјата и привилегиите

Македонија не смее повеќе да губи.

Владата вели дека го заштитила македонскиот јазик. Вистината е дека тој никогаш и не бил доведен во прашање, до сега, но и нема гаранции дека нема да биде оспоруван.

Официјалниот јазик на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот, и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван.

Владата дека ќе сме влезеле во ЕУ. Вистината е дека ова е преговарачка рамка каде бугарските барања стануваат барања на Европската Унија. А до тогаш Бугарија ќе може да не блокира во секој момент.

Тогаш се сфаќа дека овој договор всушност и нема придобивки за Македонија, освен на оние кои сакаат да ја зачуваат фотелјата.

Кога ултуматум е во прашање, одговорот на ВМРО-ДПМНЕ сега и секогаш ќе биде НЕ БЛАГОДАРАМ!

Се гледаме вечер пред влада во 19 часот!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски.