Кога не бркаат криминалци, кога даваат пасоши на белосветски криминалци, кога синови на помошници министри беснеат по скопските улици, кога им крадат оружје од полициските депоа, кога криминалци бркаат полицајци од станици, што уште треба да се случи за министерот Спасовски да си поднесе оставка. Постојат дојави за бомби кои го парализираат системот и тоа покажува дека системот не функционира.
Вака членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски на денешната прес-конференција одговори на прашање за коментар околу лажните дојави за бомби кои предизвикуваат хаос во секојдневното функционирање на граѓаните и институциите и што прави Министерството за внатрешни работи за спречување на ваквите појави.
„Спасовски да си поднесе оставка поради акутната неспособност и парализирањето на системот“, додаде Томовски.