Актуелниот и кандидат за градоначник на Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски денес изврши увид во градежните работи за изградба на паркинг простор во Општинското основно училиште „Браќа Миладиновци”.
„Тука се асфалтираше пристапната улица помеѓу училиштето и спортската сала, како и асфалтирање на паркинг простор за возилата на вработените. Завршено е веќе асфалтирањето на баскет игралиштето пред училиштето, останува да се доуреди паркот пред училиштето, како и пристапната патека до училиштето“, истакна Тоневски.